Свет ИД ја презеде одговорноста за нападот во Брисел

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Брисел

Милитантите од Исламска држава ја презедоа одговорноста за нападот со нож на војниците во Брисел, стои во соопштението кое преку сервисот „Телеграм“ го објави „Амак“, пропагандистичкиот орган на организацијата.

Маж во петокот навечер со нож нападна војници во центарот на Брисел, пред да биде убиен, а белгиското обвинителство наведе дека нападот може да се смета за „терористички“.

Белгиските војници веќе две години патролираат во центарот на Брисел поради потенцијални терористички закани.

Агенцијата „Белга“ пренесе дека напаѓачот бил на возраст од околу 30 години и дека веднаш по нападот бил пренесен во болница, каде починал.