Свет ИД ја презеде одговорноста за нападот на погреб

ИД ја презеде одговорноста за нападот на погреб

Сунитската екстремистичка група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад на погреб во близина на Багдад, во кој загинаа 16 лица.

Во вчерашниот напад во градот Таџи, со мнозинско сунитско население, на 22 километри северно од Багдад, ранети се 34 лица. Нападот е извршен на погреб на татко на двајца членови на провладината милиција, позната како Сахва, која го поддржува американските сили во борбата против Ал Каеда во Ирак.

ИД на „Твитер“ го објави соопштението во кое потврдува дека стои зад нападот, но не наведе од која националност бил напаѓачот.