Свет ИД го извршила нападот во Дамаск

ИД го извршила нападот во Дамаск

Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот бомбашки напад врз полициски клуб во близина на главниот пазар во Дамаск.

Како што соопшти полицијата, бомбашот-самоубиец со обидел со возило полно со експлозив да удри во полицискиот клуб, но чуварите навремено реагирале. Сепак, напаѓачот успеал да го активира експлозивот, усмртувајќи десет лица и повредувајќи 20 лица.

ИД на социјалните мрежи објави соопштение во кое се наведува дека нејзин борец, облечен во полициска униформа, го активирал експлозивот во автомобилот во близина на полициски клуб, при што убил 20 лица, а 40 се повредени.