Свет ИД го гранатирала сирискиот град Деир ал Зор, загинаа седум лица

ИД го гранатирала сирискиот град Деир ал Зор, загинаа седум лица

Најмалку седум лица загинаа во гранатирање на источниот сириски град Деир ал Зор, јавуваат организациите за следење на ситуацијата во Сирија. Гранатирањето ѝ се припишува на Исламска држава.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, тврди дека терористите продолжуваат да гранатираат делови од градот под контрола на владините сили.

ИД држи поголема територија надвор од енклавата во градот и воздушна база во близина на градот.

Повеќе од две години овие подрачја се под опсада. Повеќе од 200.000 лица се наоѓаат во опколената зона, која се наоѓа меѓу две територии што ИД ги контролира во Сирија и во Ирак.