Свет ИД бомбардираше населба во сирискиот град Деир ез Зор, 13 лица загинаа

ИД бомбардираше населба во сирискиот град Деир ез Зор, 13 лица загинаа

Најмалку 13 лица загинаа кога екстремистите на Исламска држава гранатирале населба под контрола на сириските владини сили на истокот на Сирија, јавија државните медиуми.

Екстремистите гранатирале две населби во градот Деир ез Зор, а во нападот загина една жена.

Повеќе од 90.000 лица се блокирани во овој сириски град, кој е под опсада на екстремистите од 2015 година.
Британската опсерваторија за човекови права, пак, соопшти дека во гранатирањето загинале 14 лица, наведувајќи дека нападот се случил додека жителите се подготвувале за спиење.