Македонија Иако е во Приштина, Хан не доаѓа во Скопје и по договорот

Иако е во Приштина, Хан не доаѓа во Скопје и по договорот

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија.

Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на прашањето „дали ќе ја посети Македонија по вчерашното постигнување на договорот“, кратко одговорија „не“.

Хан е во посета на Приштина по повод потпишувањето на спогодбата за стабилизација и за асоцијација на Косово со ЕУ.

Хан за време на денешната посета на Косово ќе се сретне со претседателката Атифете Јахјага, а по средбата со премиерот Иса Мустафа, планирана е и нивна заедничка прес-конференција. Еврокомесарот Хан ќе има и обраќање во косовскиот парламент.

Попладне тој ќе замине за Митровица, каде што е предвидена негова средба со политичките претставници на српската етничка заедница во Косово.