Македонија И денеска нестабилно време со пороен дожд и со грмежи

И денеска нестабилно време со пороен дожд и со грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и со можна појава на град, особено попладне.

Како што соопштуваат од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекува на места да наврнат и повеќе од 35 литри дожд на еден квадратен метар. Во вечерните часови врнежите ќе престанат.

Утринската температура се движи од 12 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје се очекува слично време, нестабилно облачно со пороен дожд и со грмежи. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 29 Целзиусови степени.