Свет Свет Хуманитарна помош за 13.000 семејства во Алепо

Хуманитарна помош за 13.000 семејства во Алепо

Конвој од 26 камиони, довезе хуманитарна помош за 13.000 семејства во покраината Алепо, на северот на Сирија, која е погодена од неодамнешни борби, објави Меѓународниот комитет на Црвен крст.

Испораката на хуманитарна помош од сириската Црвена полумесечина во градовите Азаз, Африн и Тал Рифат ќе биде најголема во оваа област. Во меѓувреме, и во болниците била испорачана нова помош.

По примирјето во Западна Сирија намалено е насилството, но борбите не се сопрени.