Свет Свет Хуманитарна катастрофа во Доума, поради голем број на бегалци и недостаток на...

Хуманитарна катастрофа во Доума, поради голем број на бегалци и недостаток на храна

Сирискиот град Доума се соочува со хуманитарна катастрофа, откако стана единствено прибежиште за илјадници луѓе кои бегаат од владините сили кои се во офанзива на Источна Гута, регион кој го контролира опозицијата.

Илјадници семејства бараат засолништа по улиците и парковите, имајќи предвид дека засолништата се преполни, а има и недостаток на храна.

Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад напредуваат во офанзивата против енклавата недалеку од Дамаск, која ја држат опозициските сили.

Поради честите бомбардирања, стотиците загинати не можат достојно да бидат погребани.