Македонија Хрватска ја блокира Србија во отворање на поглавјето 26

Хрватска ја блокира Србија во отворање на поглавјето 26

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во Брисел соопшти дека Хрватска го блокира отворањето на поглавјето 26 од пристапните преговори на Србија со ЕУ, пренесе српската ТВ „Прва телевизија“.

Вучиќ денеска се закани дека e подготвен уште вечерва да го напушти Брисел доколку не се постигне договор за отстранување на блокадата од Хрватска.

Како што јавува српската телевизија, Вучиќ, кој денеска допатува во Брисел, изјавил дека во случај да не се постигне договор со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, за деблокада на преговорите, тој нема да присуствува на утрешната меѓувладина конференција, на која треба да се разговара за отворање поглавја.