Свет Балкан Хрватска бара 42.000 сезонски работници

Хрватска бара 42.000 сезонски работници

Хрватската економија со соочува со недостаток на сезонски работници, а годинава на оваа држава ќе и бидат потребни и до 42.000 сезонски работници во туризмот и трговијата.

Според хрватскиот медиум „Пословни дневник“, хрватските работодавци бараат да се донесат оперативни мерки кои во овој момент се неопходни, а ќе биде потребно и да се размислува околу квотите за вработување на странци.

Лани во хрватскиот туризам и угостителство биле вработени 21.877 сезонски работници, а за годинава се очекува поголем број, поради одливот на хрватски угостителски работници во други држави на Европска унија.