Свет Балкан Холандскиот парламент потврди: Судот за злосторствата на Косово ќе биде во Хаг

Холандскиот парламент потврди: Судот за злосторствата на Косово ќе биде во Хаг

Долниот дом на холандскиот парламент го усвои предлогот на министерството за надворешни работи на Холандија, седиштето на Специјалниот суд за злосторствата извршени од поранешните членови на ОВК да биде во Хаг, пишува „Косово сот“.

Функционер на холандското МНР рече дека не е сигурно колку долго Специјалниот суд ќе работи затоа што тоа зависи од бројот на обвиненија, но оти неговиот почетен мандат е пет години.