Свет Хилари Клинтон за поцврст став кон Путин

Хилари Клинтон за поцврст став кон Путин

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека „од лидерска позиција би презела многу повеќе чекори“ и оти би имала потврд став против рускиот претседател Владимир Путин во поглед на Сирија.

За време на претседателската дебата на Демократската партија во Лас Вегас, за сè поголемото учество на Русија во сириската граѓанска војна, Клинтон рече дека би зазела поцврста линија против Путин.

– Мораме да го спречиме неговото насилство, но јасно е дека Русија мора да биде дел од решението – рече Клинтон.
За време на дебатата, Клинтон првпат го критикуваше својот поранешен шеф, претседателот Барак Обама.

Исто така, поранешната секретарка рече дека би создала „безбедносна зона“ во обид да се спречи масовна бегалска криза, која го дестабилизира регионот.