Свет Хеликоптер се урна за време на тренинг во Јапонија, три лица загинаа

Хеликоптер се урна за време на тренинг во Јапонија, три лица загинаа

Три лица загинаа, а четири се водат за исчезнати откако спасувачки хеликоптер, за време на тренинг-лет, се урна на планината Хачибусе, во централниот дел на Јапонија.

Како што јавуваат локалните медиуми, две лица се пронајдени без свест.

Полицијата на префектурата Нагано соопшти дека три тела се извлечени од остатоците на леталото, при што е констатирана нивната смрт. Полициските власти претпоставуваат дека исчезнатите се под остатоците на хеликоптерот.

Засега не се знае причината за уривањето на хеликоптерот, но истрагата е во тек.
Според медиумските извештаи, во леталото имало седум пожарникари, двајца пилоти и еден инженер.