Свет Балкан Хашим Тачи избран за претседател на Косово

Хашим Тачи избран за претседател на Косово

Косовскиот парламент го избра Хашим Тачи за претседател на Косово. Во последниот трет круг на гласањето, Тачи освои 71 глас.

Седницата на косовскиот парламент, на која се избираше претседателот, почна со еден час задоцнување, но набргу беше прекината бидејќи опозицијата активира солзавец.

Истовремена, на плоштадот во Приштина дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите кои последните три дена кампуваат таму, барајќи оставка од Владата.

Демонстрантите фрлале молотови коктели врз припадниците на полицијата, а според „Танјуг“, низ градот биле забележани повеќе возила на брза помош.