Свет Балкан Харадинај закажа седница на Советот за безбедност на Косово

Харадинај закажа седница на Советот за безбедност на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за попладнево, во 18 часот, свика седница на Советот за безбедност.

Како што наведуваат медиумите во Приштина, Советот ќе расправа за безбедносната состојба.

Утринава во Косовска Митровица беше убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ. Убиството е причина за закажување на седницата.