Свет Балкан Харадинај останува во Словенија

Харадинај останува во Словенија

Судот во Крањ одлучи Рамуш Харадинај да остане во Словенија, имајќи предвид дека судот мора да ја процесира неговата жалба пред да продолжи да го разгледува барањето за екстрадиција на Србија.

Судот соопштил дека добил „жалба за начинот на водење на процедурата во врска со уапсениот државјанин на Косово“, јави агенцијата СТА.