Главна секција Хан утре ќе оди во кампот за бегалци во Гевгелија

Хан утре ќе оди во кампот за бегалци во Гевгелија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој е во дводневна посета на Македонија, утре ќе го посети кампот за беглаци во Гевгелија.

Денеска тој има малку поинаква агенда од најавената, па во 12 часот ќе има средба со премиерот Никола Груевски, во 12.30 часот – со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а половина час подоцна ќе има средби и со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Тој на својот твитер-профил утринава сподели „Штотуку пристигнав во Скопје. Прва беше средбата со цивилното општество, чиј ангажман е клучен за реформскиот процес“.

По средбите со претставниците на невладиниот сектор, во 10.30 часот Хан пристигна на средба со Националниот совет за евроинтеграции, каде ќе има свое обраќање.