Македонија Хан со осуда за нападот врз пратениците: На насилството не му е...

Хан со осуда за нападот врз пратениците: На насилството не му е местото во Собранието

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил ги осуди насилствата и нападот на пратенциите во Собранието на Република Македонија, порачувајќи дека демократијата треба да продолжи по својот курс.

„Најостро ги осудувам нападите на членовите на парламентот. На насилството не му е местото во Собранието. Демократијата мора да продолжи по својот курс“, напиша Хан на „Твитер“.

Парлементарното мнозинство, предводено од СДСМ, попладнево, по прекинот на 20. продолжение на конститутивната седница, го избраа пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, за нов претседател на Собранието. По ова, демонтранстите од т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ го пробија полицискиот кордон и влегоа во Собранието. Внатре тие нападнаа дел од пратениците на СДСМ. Меѓу повредените пратеници се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неговите колеги Дамјан Манчевски и Максим Димитриевски.

Ситуацијата во Собранието и понатаму е тензична.