Главна секција Хан следната недела доаѓа во Македонија

Хан следната недела доаѓа во Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан по средбата со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, најави дека следната недела ќе престојува во Македонија.

„Одличен состанок со вицепремиерот, Бујар Османи и Министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Уверен сум дека владата ќе ја искористи позитивната динамика и дека ќе видиме понатамошни реформски резултати до крајот на годината. Ова бара конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата. Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје следната недела, со политички состаноци и средби со граѓанското општество“, напиша Хан на „Твитер“.