Главна секција Хан: Преговорите на партиите добро напредуваат

Хан: Преговорите на партиите добро напредуваат

Во интервју за австрискиот весник „Стандард“, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека опозицијата наредната недела мора, како што е договорено, да се врати во Парламентот.

– Потоа ќе биде именуван специјален обвинител. Во врска со тоа, од страна на двете големи партии слушам дека добро се напредува. Ние, ЕУ и меѓународната фамилија, ќе вложиме огромен напор за изборите во април да бидат фер и да минат во согласност со меѓународните стандарди, како и да бидат добро набљудувани – вели Хан.