Главна секција Хан на средба со Заев и со Груевски

Хан на средба со Заев и со Груевски

Пред малку почна средбата на еврокомесарот за проширување ЕУ, Јоханес Хан, со делегациите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се обиде да најде излез од политичката криза.

Во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, се Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров, додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е придружуван од Радмила Шекеринска и од Петре Шилегов.

Засега не се знае дали Хан има одделни средби со лидерите на двете водечки партии или, пак, имаат заедничка средба.

По разговорите со Груевски и со Заев, можно е Хан да присуствува на лидерската средба во Клубот на пратеници, на која ќе бидат и лидерите на ДУИ и на ДПА.