Македонија Хан: Изборот на специјалниот обвинител не е крај на приказната

Хан: Изборот на специјалниот обвинител не е крај на приказната

Именувањето на специјалниот јавен обвинител е важен елемент за нормализацијата на политичката состојба во Македонија, но тоа не е крај на приказната, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на ден пред посетата на Скопје.

Хан го поздрави назначувањето на специјалниот обвинител, но порача дека Европската комисија ќе продолжи да ја следи состојбата во Македонија.

– Го ценам и го поздравувам фактот дека, со наше посредништво, политичките партии во Македонија успеаја да именуваат специјален обвинител и да донесат закон за него. Именувањето на обвинителот е важен елемент за нормализација на политичката ситуацијата во земјата и затоа ова е големо постигнување, јас сум среќен, но ова не е крај на приказната и земјата ќе ја „имаме на око“ за тоа – изјави Хан.