Македонија Хан и европратениците Ховит, Вајгл и Кукан во Стразбур разговарале за Македонија

Хан и европратениците Ховит, Вајгл и Кукан во Стразбур разговарале за Македонија

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Стразбур се сретнал со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, со кои разговарал за политичката состојба во Македонија.

По средбата, на својот твитер-профил Хан потсети на потребата од веродостојни избори.

„Стразбур: Добар разговор со Ричард Ховит, Иво Вајл и со Едвард Кукан за развојот на настаните во Скопје. Веродостојни избори се клучот за враќање на земјата на евроатланскиот пат на реформи“, напиша Хан.

Тројцата европратеници и еврокомесарот Хан беа посредници во постигнувањето на Договорот од Пржино помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии.