Подглавна секција Хамас продолжува со ослободувањето на заложници

Хамас продолжува со ослободувањето на заложници

Вчера беа ослободени 24 заложници за време на примирјето

Фото: Wikimedia Commons/Mor

Денес се очекува Хамас да ослободи 13 од заложниците кои ги имаа заробено на 7 октомври, известува Гардијан. Примирјето продолжува во Газа.

Вчера беа ослободени 24 заложници од Хамас, 9 повеќе од најавените 13. Од ослободените, десет беа израелски државјани, 13 тајландски државјани и еден филипински државјанин. Тие беа однесени во Египет преку граничниот премин Рафах, па потоа со хеликоптер беа однесени во до Израел.

При пристигнувањето во болницата во Израел, беше утврдено дека заложниците се во добра здравствена состојба.

Беа ослободени и 39 палестински затвореници од израелските затвори. Тие вчера пристигнаа во Западниот Брег. Повеќето од нив, всушност, биле во притвор.

Според претседателот на САД Џо Бајден вели оти досегашната размена на затвореници е одличен почеток и дека постои „вистинска шанса“ да се продолжи примирјето. Според договорот меѓу Хамас и Израел, примирјето ќе продолжи за еден ден за секои дополнителни 10 ослободени заложници.

Примирјето претставува прв мирен ден по седум недели во Газа и овозможи глатка дистрибуција на хуманитарната помош. Внесени се 129.000 литри гориво во Газа, што сепак е само 10 отсто од количината која се употребувало дневно пред војната.

Се формирале долги редици во Газа, надежно чекајќи да добијат малку гориво.