Свет Балкан Хакиран сајтот на парламентот на Црна Гора за време на вчерашните избори

Хакиран сајтот на парламентот на Црна Гора за време на вчерашните избори

Photo by Bermix Studio on Unsplash

Веб-сајтот на парламентот на Црна Гора, вчера, за време на одржувањето на парламентарните избори во земјата, бил цел на хакерски напад. Поради тоа веб-сајтот бил блокиран од 8.29 до 10.07 часот наутро, потврдија црногорските власти.

Засега нема објаснување кој е извршител на нападот, ниту се знае како точно бил извршен нападот.

И порталот на весникот „Вијести“ вчера соопшти дека еден месец наназад бил цел на ДДоС напади, поради коишто било отежнато функционирањето на сајтот. Хакерски напади пријавиле и ЦдМ и порталот Аналитика.