Македонија Хајндл утре ќе се сретне со потписниците на Договорот од Пржино

Хајндл утре ќе се сретне со потписниците на Договорот од Пржино

Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, утре треба да пристигне во Скопје и да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

„Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, Амбасадорот Хајндл одново ќе разговара со партиите- потписнички на Пржинскиот договор како и со претставници на меѓународната заедница“, пишува во соопштението од амбасадата.

Хајндл во Скопје ќе престојува два дена.