Главна секција Хајндл се сретна со Ахмети и Тачи во Тетово

Хајндл се сретна со Ахмети и Тачи во Тетово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утрово во Тетово, се сретна со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл.

По средбата Ахмети не сакаше да даде изјава.

Хајндл се сретна и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на клучните предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори, се решението за излез од политичката криза, побарал вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средбара со специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и специјалниот пратеник на министерот за надворешни работи на Германија, Јоханес Хајндл, пак, разгледувале различни аспекти на политичката криза како и „различните можности кои би довеле до нејзинот разрешување“, се вели во соопштението од владејчката партија за средбата.

Груевски на средбата истакнал дека неговата партија е посветена кон изнаоѓање на решенија за брз излез од „наметната политичка криза“ и дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е граѓаните да имаат можност да избираат помеѓу политичките субјекти и квалитативно да ги вреднуваат нивните политики и чекори.