Спорт Гвардиола нема намера да се врати во Барселона

Гвардиола нема намера да се врати во Барселона

Пеп Гвардиола

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, не сака да се врати во каталонскиот клуб и покрај тоа што освои буквално сè што можеше да се освои.
43-годишниот стратег ја раководеше Барселона од 2008 до 2012 година, а потоа одлучи една година да паузира.

Минатата сезона го презеде баварскиот гигант Баерн Минхен и веднаш ја освои Бундес-лигата.

– Немам намера повторно да бидам тренер на Барселона. Верувам дека во животот постојат циклуси, а мојот таму е завршен – изјави Гвардиола.