Главна секција На граничниот премин Богородица, за влез во Грција се чека и до...

На граничниот премин Богородица, за влез во Грција се чека и до еден час

Долги колони возила се создадени на граничниот премин Богородица, каде за влез во Грција се чека и до еден час, соопшти денеска АМСМ.

Зголемената фреквенција и застој на граничите премини со Грција се должи на продолжениот викенд и на сезоната за одмори.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и во засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.