Економија Гувернерот на Токио си поднесе оставка поради финансиски скандал

Гувернерот на Токио си поднесе оставка поради финансиски скандал

Градското собрание ја прифати оставката на гувернерот на Токио, Јошиј Масузе, поради вмешаност во финансиски скандал и обвинувања за наводна злоупотреба на државни средства во приватни цели.

Масузе е обвинет дека користел државни пари за семeјни летувања, купување уметнички дела и за други приватни трошоци. Оставката на гувернерот ќе стапи на сила 21 јуни, јавуваат јапонските медиуми.

Според пишувањата, не е јасно како заминувањето на првиот човек на јапонската претстолнина ќе влијае врз организацијата на Летните олимписки игри 2020 година во Токио.

Масузе значително ја намалил цената на организација на Олимпијадата и инсистирал некои од случувањата да се преселат на стадионите и во објектите надвор од главниот град, наместо да се градат нови терени во Токио.