Македонија Груевски со ОБСЕ: Реформите, ЕУ и НАТО – темелни заложби на Владата

Груевски со ОБСЕ: Реформите, ЕУ и НАТО – темелни заложби на Владата

Реформскиот процес, европската и евроатлантската интеграција на земјата се темелна заложба на македонската влада, истакнал премиерот Никола Груевски на денешната средба со делегацијата на постојните претставници на земји на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти владината прес-служба.

На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба во земјата, за која соговорниците истакнале дека е потребно одговорно однесување и ангажман на сите политички чинители во земјата и учество на сите партии во работата на Собранието.

Истовремено, било истакнато дека што побргу треба да се надминат предизвиците низ институциите на системот и да се обезбеди перспектива за понатамошен напредок на земјата во интегративните процеси.

Попладнево со делегацијата на ОБСЕ се сретна и министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Данска, Турција и на Европската унија во ОБСЕ по средбите со владиниот врв и со опозицијата не сакаа да дадат изјави за медиумите, од кои дел пренесуваат дека посетата на делегацијата, наводно, била на предлог на амбасадорот на САД во организацијата, Даниел Баер.