Македонија Груевски: СДСМ својата кампања ја темели врз работењето на СЈО

Груевски: СДСМ својата кампања ја темели врз работењето на СЈО

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ вработува и реализира проекти, додека СДСМ својата кампања ја темели на работењето на Специјалното јавно обвинителство.

– Во однос на случајот што вчера беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, мислам дека се им е јасно на граѓаните што се случува, зошто се случува и кои се целите. СДСМ максимално ја користи работата на СЈО со реторика која што ним им одговара и во тој контекст можам да кажам дека практично нивната кампања за овие избори се заснова исклучиво на активностите на СЈО. Тие немаат никаква друга кампања, немаат никакви други идеи и додека тие се занимаваат со такви работи ние работиме на отворање на нови работни места. Тие на оној начин, а ние со создавање дела, со реформи, со мерки, со проекти кои што помагаат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните – рече Груевски.