Македонија Груевски и Хојт Ји разговарале за политичката состојба, надминување на кризата и...

Груевски и Хојт Ји разговарале за политичката состојба, надминување на кризата и за бегалците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји. На средбата се зборувало за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза, како и за глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.

Како што пишува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека неговата партија е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на претстојните избори, на кои граѓаните ќе го имаат главниот збор и ќе одлучат за иднината на државата. Тој посочил дека од важен интерес за партијата, но и за државата е тие избори да бидат фер и демократски, за што е потребен ангажман и посветеност од сите чинители одговорни за процесот. Лидерот на партијата, исто така, рекол дека стратегиски интерес е реализирањето на евроатлантските интеграции на Република Македонија и станувањето полноправна членка на НАТО.

Соговорниците разговарале и за глобалниот проблем со мигрантите и за мерките за надминување на бегалската криза.