Македонија Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департментот

Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД, Артан Груби ќе престојува во Соединетите Американски Држави од 5 до 9 декември, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во Американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департментот, информираат од собраниските служби.

На средбите, како што стои во соопштението, ќе стане збор за евроатланските интеграции на земјата, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што Владата ги прави во областа на владеењето на правото.

Груби ќе присуствува на 12. Парламентарен безбедносен форум за разузнавање во Сенатот на кој ќе се расправа за сите видови на борба против тероризмот.

Ова е втора посета на Груби во САД.