Македонија Груби: Спорот со името е веќе решен, се договараат деталите

Груби: Спорот со името е веќе решен, се договараат деталите

Спорот со името веќе е решен и во претстојните недели останува уште да се допрецизираат деталите вели во изјава за државната агенција МИА пратеникот од ДУИ и Член на националниот совет за евроинтеграци, Артан Груби, по средбата со конгресмените во Вашингтон.

-Спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција да биде достоинствено и компромисно решение за двете страни. Со Грција започнавме да разговараме со јазик на пријатели, а не преку нишанот на историјата и градбите како досега. Имаме мерки за градење на доверба, веќе ги преименувавме автопатот и аеродромот. Идентитетот, културата, името и државата ќе ги заштитиме само ако бидеме дел од големото европско семејство – вели Груби.