Свет Балкан Грција: Разбиена наркобанда

Грција: Разбиена наркобанда

Десет лица се уапсени во Грција при акција за разбивање наркомрежа. Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за еден Албанец и за девет Роми, меѓу кои има и две девојчиња на возраст од 15 и од 16 години.
Во акцијата, грчката полиција во два ромски кампа запленила 19 килограми хероин, 773 грама кокаин, три килограми хашиш, 4,5 килограми таблети од непозната материја, оружје, пет автомобили и 2.260 евра.
Според податоците на грчкото МВР, бандата, чиј лидер бил еден од Албанците, во февруари годинава во Грција дистрибуирала околу 30 килограми хероин.