Свет Балкан Грција ќе ја избегне рецесијата годинава

Грција ќе ја избегне рецесијата годинава

Владата во Атина соопшти дека Грција ќе ја избегне очекуваната рецесија годинава и дека ќе претрпи само мало забавување на економијата во 2016 година.

Владата денеска го достави предлог-буџетот за 2016 година до парламентот, предвидувајќи нулта пораст на домашниот бруто-производ за оваа и пад од 0,7 отсто за следната година.

Преговорите за третиот пакет помош за Атина ја доведоа земјата пред финансиски колапс пред неколку месеци, но владата успеа да постигне договор со кредиторите, согласувајќи се на воведување на уште поригорозни мерки за штедење.