Македонија ГРОМ бара опозицијата да се врати во Собранието

ГРОМ бара опозицијата да се врати во Собранието

„Падна големата лага на Зоран Заев и на Социјалдемократскиот сојуз со која ги држеше во уверување јавноста и своето членство дека има меѓународна поддршка за аферата „Пуч“. По изјаснувањето на европратеникот Иво Вајгл, повеќе од јасно е дека европските инстанци инсистираат на институционално решавање на политичката криза во Македонија“, рече на денешната прес-конференција Љупчо Пренџов, организациски секретар на Граѓанска опција за Македонија.

– ГРОМ го поддржува заклучокот на Европскиот парламент, опозицијата да се врати во Собранието за кризата да биде надмината, а дебатата да се одвива во парламентот – рече Пренџов.

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на ГРОМ околу разврската на оваа ситуација, ако СДСМ одлучи пратениците да не се вратат во Собранието, Пренџов рече дека неговата партија очекува правна разврска, но и морално-политичка во рамките на СДСМ.