Дигитални права Грковска: Сајбер безбедноста ни е приоритет

Грковска: Сајбер безбедноста ни е приоритет

Фото: Влада на РСМ

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во нашата држава. На состанокот, Грковска ги поздравила активностите на Кралството Холандија за градење на силна мрежа за кибер безбедност. Се заблагодарила и за поканата на холандската амбасада, Северна Македонија да се приклучи кон GFCE-глобалниот форум за кибер-експертиза.

„Сајбер безбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади“, наведено е во соопштението од Влада.

Како што се додава, Владата со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, ќе се вклучат во работните групи на GFCE, како и ќе се претстават можностите на оваа мрежа пред компаниите во Северна Македонија кои работат на оваа тема.