Свет Балкан Грчкиот претседател остро ја нападна Македонија за бегалската криза

Грчкиот претседател остро ја нападна Македонија за бегалската криза

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, упати остра критика и обвинување до македонските политичари дека се обидуваат да го искористат моментот на бегалската криза за поентирање околу спорот за името.

Говорејќи на настан во Солун, Павлопулос истакна дека Грција покажува солидарност со бегалците како држава, благодарение на античкиот грчки дух и култура. Истото тоа побара да го покажат и другите европски држави, истакнувајќи дека ЕУ се заснова на идеите за хуманоста, демократијата и за правдата.

– ЕУ не е прибежиште за плашливи народи, ниту брод кој плови со знамиња на политички опортунизам. Оваа порака се однесува и на соседната држава Поранешна Југословенска Република Македонија, чии лидери треба да разберат со време дека со барањето имиња кои се обидуваат да ја фалсификуваат историјата, но и со кревањето жичани огради и варварски чинови против бегалците, отворено ги кршат и одат против европските вредности и немаат место во Европската Унија – изјави Павлопулос.