Свет Балкан Грчкиот министер за енергетика најави гласање доверба на владата

Грчкиот министер за енергетика најави гласање доверба на владата

Грчкиот министер за енергетика Панос Скурлетис изјави дека владата ќе побара во парламентот да се гласа доверба после побуната меѓу пратениците на владејачката СИРИЗА поради усвојувањето на новиот финансиски пакет од договорот со кредиторите.

Владата претходно објави дека приоритет и е да обезбеди почеток на ново финансирање од меѓународните кредитори, со цел Грција да може да го плати долгот од 3,2 милијарди евра кон Европската централна банка до 20 август.

Скурлетис ја навести и можноста за распишување предвремени избори доколку премиерот Алексис Ципрас изгуби во текот на гласањето.

Речиси третина од пратениците од редовите на СИРИЗА беа воздржани од гласање или се изјаснија против спогодбата со кредиторите за време на гласањето во петокот.