Македонија Граѓанските организации не сакаат претставници во советот за соработка со Владата

Граѓанските организации не сакаат претставници во советот за соработка со Владата

Осумдесет и девет (89) граѓански организации бараат Владата да не ја спроведува одлуката за формирање совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор пред да го слушне нивното мислење во врска со тоа.

– Бараме Владата да го запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, да направи измени и дополнувања на донесената одлука за формирање на советот и да отвори консултативен процес со претставниците на граѓанските организации, во кој различните мислења и ставови за советот ќе бидат земени предвид и усогласени со споредбените искуства и практики – стои во изјавата упатена до Владата.

Граѓанските организации во изјавата подвлекуваат дека нема да учествуваат во процесот на избор на членови на советот од редот на граѓанските организации.