Економија Граѓаните изгубиле 4 милиони евра поради повлекување на денарските заштеди

Граѓаните изгубиле 4 милиони евра поради повлекување на денарските заштеди

Граѓаните изгубиле околу 4 милиони евра поради тоа што предвреме ги повлекле орочените денарски заштеди во април, проценуваат од Народна банка.

-Повеќе од 217 милиони денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април годинава. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги претвораат купените девизи во денари, што се проценува на околу 23 милиони денари – велат од Народна банка.

Имено, во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, што е 1,6 отсто од вкупните депозити на населението како одговор на шпекулациите за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот пазар на девизи.

Гувернерот Димитар Богов информираше дека повлекувањето на депозитите речиси целосно запре и во изминатите две недели имаме стабилизирање на ситуацијата.