Свет Балкан Градоначалници во Србија си даваат оставки, ќе има општи избори на 17...

Градоначалници во Србија си даваат оставки, ќе има општи избори на 17 декември?

Денеска оставки си поднеле градоначалниците на Нови Пазар, Краљево, Смедерево, Шабац и претседателите на општините Топола, Велика Плана, Лапово, Големо Градиште, Кучево, Мало Црниќе, Жабари, Петровац на Млави, Жагубица, Богатиќ, Владимирци и Коцељево

Фото: Boris Dimitrov - Сопствено дело, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=16418794

Се подготвува ли Србија за парламентарни, регионални и локални избори кои би се одржале на 17 декември годинава? По вчерашното интервју на претседателот Александар Вучиќ дека изборите би можеле да се одржат на овој датум, денеска градоначалниците на повеќе општини си поднесоа оставки.

Како што јавува Радио-телевизија Србија, оставки си поднеле градоначалниците на Нови Пазар, Краљево, Смедерево, Шабац и претседателите на општините Топола, Велика Плана, Лапово, Големо Градиште, Кучево, Мало Црниќе, Жабари, Петровац на Млави, Жагубица, Богатиќ, Владимирци и Коцељево.

Телевизијата Н1 објави дека на денешната владина седница премиерката Ана Брнабиќ побарала од министрите и државните секретари сите уредби и прописи што се во процедура да се усвојат до средината на октомври, затоа што парламентарните избори ќе бидат одржани на 17 декември.

„Разговарав со повеќе луѓе, некои се за, некои против, не мислам дека тоа е клучна тема, но морате да ги почитувате опозициските партии. Они рекоа дека државата пропаѓа, дека економијата е уништена, иако економијата е за десет пати посилна откога они владееле, за ништо не сум согласен, ја прифатив нивната идеја, ние сме подготвени за избори на 17 декември“, изјави вчера претседателот Александар Вучиќ.

Ваквата изјава на Вучиќ следи откако српските опозициски партии изминатиов период побараа од власта итно распишување на избори во претстојниот период.