Дописници Град со големина на јајце од кокошка го собра родот во Македонска...

Град со големина на јајце од кокошка го собра родот во Македонска Каменица

За само 20 минути, градот што синоќа ги погоди Македонска Каменица и селата Моштица, Костин Дол и Косевица ги уништи овошките, а посевите останаа на земја.

– Цели дваесет минути без прекин паѓаше град со големина на јајце од кокошка. Ништо не остана. Пластениците се со сто отсто штета. Исто и на овошките и зеленчукот. Се е на земја. Дури е уништен и колекторот за соларна енергија – се пожалија жители на Моштица.

Комисиите за проценка на штетите утре ќе излезат на терен. Потоа за висината на обештетувањето ќе одлучува Државната комисија за проценка на штeти од природни катастрофи.