Македонија Град Скопје: Жерновски ја користи улицата за собирање политички поени

Град Скопје: Жерновски ја користи улицата за собирање политички поени

Од Град Скопје реагираат на, како што пишува во нивното соопштение, лагите изнесени од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на Кеј 13 Ноември.

„Господинот Жерновски не ја кажува вистината кога тврди дека Град Скопје има намера да изгради улица, а вистината е дека оваа пристапна улица што ќе се гради на Кејот 13 Ноември, на потегот од улицата Филип Втори Македонски до објектот на „Телеком“, е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар. Не е точно тврдењето на Жерновски дека станува збор за транспортна улица која се гради на Кејот 13 Ноември. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим за која Град Скопје има законска обврска да издаде согласност, а ќе ја гради приватен инвеститор“, пишува во соопштението на Градот.

Оттаму додаваат дека ова не е првпат градоначалникот Андреј Жерновски да користи невистини за да добие политички поени.