Економија Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

(Фото: finance.bigmir)

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат во просек од 3,23 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“, се зголемуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 58, односно 50 денари. Цените на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,5 денари по литар и ќе се продаваат за 60,5, односно за 39 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот, на дизелот, како и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.