Економија Горивата од ноќеска поскапуваат

Горивата од ноќеска поскапуваат

Од вечерва сите горива ќе се продаваат со повисоки цени за 1,5 или 2 денари

фото: Мета.мк

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска една минута после полноќ ќе се зголемат за 1,5 денари за литар – вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Поскапува и дизелот, и тоа за 2 денари за литар.

Согласно најновата одлука на РКЕВУ, моторниот бензин Еуросупер БС-95 од вечерва ќе чини 81,5 денари за литар, 98-октанскиот бензин ќе се продава за 84 денари за литар, исто колку и литар дизел гориво.

Екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продава за 82,5 денари за литар, а поскапува и мазутот од кој килограм ќе чини 47,174 денари.