Економија Горивата од ноќеска поскапуваат за еден и пол денари по литар

Горивата од ноќеска поскапуваат за еден и пол денари по литар

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од ноќеска на полноќ бензините и дизелот ќе поскапат за 1,5 денари по литар, а екстра-лесното масло за домаќинства ќе поскапи за еден денар по литар.

Со тоа, од полноќ на бензинските станици низ земјава литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 84 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 86 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 75,5 денари за литар.

Екстра-лесното масло за домаќинства ќе се продава за 74,5 денари за литар.

Поскапува и мазутот, по неговата нова цена од полноќ ќе изнесува 48,17 денари за килограм.